Поврзете се со нас

ВТА

Ѓорческа со победа во двојки го започна турнирот во Калви

Објавено

на

Првиот женски македонски рекет, Лина Ѓорческа со сигурна победа во двојки го отвори настапот на ИТФ фјучерсот во Калви (Франција) што се игра за награден фонд од 25.000 американски долари.

Ѓорческа заедно со Амандин Ес (Франција) се први носителки, а таа улога на фаворити максимално ја потврдија во пресметката против Келија Ле Биан и Малори Ноел која ја реализираа со 2-0 во сетови со 6-2 и 6-1 за 49 минути игра на теренот број четири.

Во следната рунда Лина и Амандин за ривалки ќе ги имаат Флави Бруњон и Обан Дроге.

Кога е во прашање пак настапот во поеднинечна конкуренција, Македонката ќе се соочи со Лукреција Стефанини од Италија, тенисерка која пред неколку денови ја совлада со 2-1 на турнирот во Швајцарија.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни