Поврзете се со нас

ВТА

Ѓорческа со победа го отвори новиот турнир во Италија

Објавено

на

Најквалитетната македонска тенисерка, Лина Ѓорческа имаше победнички старт на вториот фјучерс турнир што се игра во Санта Маргерита Ди Пула (Италија) за награден фонд од 25.000 долари.

Лина минатата седмица имаше фантастичен настап и триумфираше во игра на двојки, додека пак во сингл стигна до финалето каде загуби од партнерката Ева Ведер. Тој напор, замор се почуствува на денешниот дуел против 19-годишната Елеонора Алвиси (валјд карта) каде мораше да игра три сета за да го потврди статусот на фаворит.

Македонската (петта носителка) го загуби првиот сет со 6-4 за да потоа со иста мера врати во вториот по што следуваше решавачката рунда во која Ѓорческа со 6-3 обезбеди место во наредната фаза.

Следен нејзин ривал ќе биде подобриот од мечот меѓу Дебора Кјеза и Мари Беноа.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни