Поврзете се со нас

ВТА

Ѓорческа со нова победа до четвртфиналето на турнирот во Грција

Објавено

на

Најдобрата македонска тенисерка, Лина Ѓорческа се избори за втора победа на фјучерсот во Ираклион (Грција), победа со која дојде до четвртфиналето на турнирот што се игра на земјени терени за награден фонд од 25.000 долари.

Лина во денешното осминафинале беше подобра од домашната преставничка Димитра Павлоу со 2-0 во сетови. Македонката го реализираше првиот сет со 6-3, потоа во вториот имаше поголема борба, меѓутоа фаворитката со 7-5 стави точка на овој меч.

Ѓорческа (петта носителка) за да стигне во полуфиналето ќе мора утре да ја победи Пиа Ловриќ од Словенија.

Воедно треба да се напомене дека Македонката одлично чекори и во дубл конкуренцијата каде заедно со Деа Херџелаш обезбедија полуфинале во кое силите ќе ги одмерат со Дарја Семенистаја и Катарина Хобгарски.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни