Поврзете се со нас

ВТА

Ѓорческа со нов пресврт до четвртфиналето во Белинцона

Објавено

на

Најдобрата македонска тенисерка, Лина Ѓорческа денеска оствари уште една победа на квалитетниот турнир во Белинцона и повторно правеше пресврт за да стигне до посакуваниот резултат.

Ѓорческа денеска против себе ја имаше Италијанката Лукреција Стефанини, која исто така стигна до осминафиналето преку квалификациите.

Стефанини започна подобро и го доби првиот сет со убедливи 6:1 на турнирот во Швајцарија, но Ѓорческа возврати со целосен пресврт.

Најпрвин во вториот сет го загуби првиот гејм на свој сервис, но веднаш направи рибрејк, а во осмиот гејм направи уште еден брејк доволен за 6:3. Во третиот сет, македонската тенисерка одигра на највисоко ниво и со максимални 6:0 стигна до 2:1 во сетови.

Противничка на Ѓорческа во четвртфиналето ќе и биде уште една квалификантка и Италијанка, Лучија Бронцети, тенисерка која веќе ја победи на турнирот во Москва во февруари.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни