Поврзете се со нас

ВТА

Ѓорческа со фуриозно издание продолжи да реди победи во Белград

Објавено

на

Лина Ѓорческа продолжи со одличните изданија на турнирот кој се игра во Белград, па така по вчерашниот триумф над Јоксовиќ, денеска беше уште пофуриозна и ја декласираше Турчинката Башак Ерајдин.

Најдобрата македонска тенисерка и препушти само два гејма на противничката од Турција, или по сетови славеше со уверливи 6:0 и 6:2.

Во втората фаза од турнирот во Белград, за Лина ова беше втора победа, па сега на ред доаѓа дуелот со домашната тенисерка Ивана Јоровиќ, меч кој е закажан за во четврток.

Инаку, турнирот кој го организира академијата на Јанко Типсаревиќ се игра веќе втора недела, а македонската тенисерка со денешниот триумф стигна до биланс од пет победи и еден пораз.

Само за потсетување, Лина првиот меч од втората фаза го играше вчера и на истиот славеше со 6:0 и 6:4 против Доротеја Јоксовиќ.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни