Ѓорческа со скок од едно место: Сега е на 212.место на ВТА листата

lina Biel Bienne

Најдобрата македонска тенисерка Лина Ѓорческа, на новото рангирање на ВТА официјалната листа се најде на 212.место. Таа успеа да скокне за едно место од претходното рангирање. 23-годишната тенисерка по големиот успех и пласманот во третото квалификациско кола на Австралија Опен, во периодот кој следеше, се здоби со повреда и почна да бележи слаби игри и резултати, што беше главната причина за нејзиниот пад на листата.

Инаку, на првото место остана шпанската тенисерка, Габриње Мугуруза, втора е Романката, Симона Халеп и на третото место е Украинката Елина Свитолина.

Facebook Коментари