Поврзете се со нас

ВТА

Ѓорческа сервираше за победа, па загуби во драматичното четвртфинале во Италија

Објавено

на

Фото:www.facebook.com/federacaoportuguesatenis

Лина Ѓорческа беше многу блиску до пласман во полуфиналето на силниот турнир во Селва Гардена во Италија, но на крајот го загуби четвртфиналниот меч во три сета.

Противничка на македонската тенисерка и беше американската тинејџерка Тајра Грент, која се снајде подобро во тај-брејк завршниците.

Ѓорческа поведе со 1:0 во сетови откако првата етапа ја доби со убедливи 6:1, во вториот сет имаше предност 5:3 и сервираше за победа, но не само што противничката обезбеди брејк, туку го одведе сетот во тај-брејк, кој го доби со 7:5 во поени.

Третиот сет повторно најави пробив на Македонката, која со два брејка поведе со 3:0, но следуваше нов пад, по кој Грент се врати во игра со идентичен одговор, двете тенисерки загубија по уште еден сервис, за на крајот Американката да биде убедлива во тај-брејкот.

Ѓорческа може да жали за пропуштените шанси кои ја оставија без полуфинале во Италија, но и вака нејзиниот настап во Селва Гардена донесе посакуван пласман меѓу осумте најдобри тенисерки.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни