Поврзете се со нас

ВТА

Ѓорческа се помачи, но закажа големо финале против домашната фаворитка во Чешка!

Објавено

на

Откако исфрли две носителки во претходните две рунди (петтата и четвртата), се чинеше дека Лина Ѓорческа треба да има полесна задача во полуфиналето, но денеска уште еднаш се потврди дека работата се завршува на теренот, а не во најавите.

Македонската тенисерка одигра најтежок меч против Дарја Астахова, а за среќа имаше повеќе нерви и квалитет за да слави во пресметката која траеше 2 часа и 13 минути.

Најдобрата наша тенисерка почна фуриозно и се чинеше дека ќе гледаме сличен епилог како на изминатите два меча, но по првиот сет кој го доби 6:2, Русинката Астахова одговори со 6:3.

Ова ја натера Ѓорческа одново да го пронајде својот најдобар тенис, што воедно и успеа со импресивна серија и водство од 5:1 во третиот сет. Следниот свој сервис го загуби и Русинката дојде до 5:3, но вториот сервис гејм беше успешен за Лина и се пласираше во големото финале во Чешка.

Турнирот во Оломуц е силен ИТФ фјучерс чиј награден фонд е 60 илјади американски долари, а во утрешното финале противничка на Лина ќе и биде домашната тенисерка Сара Бејлек која е трета носителка.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни