Ѓорческа се избори за четвртфинале на турнирот во Турција

lina servira

Најдобрата македонска тенисерка, Лина Ѓорческа се избори за четвртфинале на ИТФ фјучерсот што се игра во Анталија, Турција за награден фонд од 15.000 американски долари.

Како прва носителка Ѓорческа лесно се справи со 20-годишната Екатерина Вишнескаја од Русија со 2-0 во сетови. Повеќе од еден час траеше пресметката на теренот 12 кој тетовката го реши со 6-1 и 6-1. Следен предизвик за Македонката е уште една руска тенисерка-тоа е Таисја Пачкалева која е 547 на ВТА листата.

Втората македонска претставничка Магдалена Стоилковска пак беше поразена од Паула Аријас Мањон (6-4, 6-3).

Facebook Коментари