Поврзете се со нас

ВТА

Ѓорческа сама се победи во Врњачка Бања

Објавено

на

Најквалитетната македонска тенисерка, Лина Ѓорческа не го мина првото коло на ИТФ фјучерсот што се одржува во Врњачка Бања, Србија.

Ѓорческа за ривал ја имаше 533 тенисерка на светот, Ивана Јоровиќ која пред три години беше меѓу најдобрите 100 (86 место) на ВТА листата.

На битката на теренот број четири, Лина имаше одличен почеток во двата сета и водеше со 3-2 и 3-1, ама во вториот дел од истите паѓаше или поточно противничката подобро се снаоѓаше и со пресврт двапати дојде до 6-4 и 6-4 за место во осминафиналето.

Во случајот како пресудни беа брејк топките, па така Лина имаше 5/9 искористени шанси, додека Србинката имаше 7/9 или 78 проценти доволно за да го продолжи настапот на турнирот вреден 60.000 долари.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни