Ѓорческа рутински обезбеди второ коло во Турција

lina servira

Најдобриот македонски рекет, Лина Ѓорческа ја прокнижи втората победа на ИТФ фјучерсот во Анталија, Турција.

По вчерашната победа во игра на двојки денеска тетовката тргна одлично и во поединечна конкуренција каде со 2-0 во сетови (6-1, 6-4) ја среди Евгенија Бурдина од Русија. Дуелот на теренот број шест страеше точно еден час и 14 минути, Лина освои 23 поени повеќе од противникот (62/39), искористи шест од десетте брејк топки што беше доволно за да дојде до резултатот што го посакуваше.

Нареден ривал за Македонката е Џени Дуерст од Швајцарија.

Овој турнир се игра на тврда подлога за вредност од 15.000 американски долари.

Facebook Коментари