Поврзете се со нас

ВТА

Ѓорческа прокнижи нова победа во Белград

Објавено

на

Најдобрата македонска тенисерка, Лина Ѓорческа прокнижи уште една победа на Источно-европскиот шампионат во Белград.

Ѓорческа овојпат одново ја среди Маријана Дражиќ од Хрватска која да потсетиме веќе ја победи со 2-0 во сетови на 29 јуни. Сега тетовката исто славеше со 2-0, не беше убедлива како во првиот меч (6-1, 6-0), ама 6-2 и 6-3 беше сосема доволно за триумф над 819. на ВТА листата.

Досега Лина на турнирот во Белград кој е во организација на академијата на Јанко Типсаревиќ загуби само еден натпревар и тоа од Викторија Томова (Бугарија).

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни