Ѓорческа со пресврт до победа на турнирот во Германија

lina servira

Најдобрата македонска тенисерка, Лина Ѓорческа имаше успешен старт на ИТФ фјучерсот во Штутгарт-Штамхајм кој се игра за награден фонд од 15.000 американски долари.

Ѓорческа која е петта носителка на турнирот за противник во првата рунда ја имаше тинејџерката Клара Бурел од Франција која се покажа како незгоден противник, па тетовката мораше да игра три сета и да биде активна два часа на теренот број 4 за да на крајот слави со 2-6, 6-4 и 6-1.

Ова за Македонката беше прв предизвик во 2020 година на кој успешно одговори, сега нова битка против Џоана Гарланд.

Facebook Коментари