Поврзете се со нас

ВТА

Ѓорческа поразена на стартот на турнирот во Австрија

Објавено

на

foto:www.facebook.com/laville.at

Македонската тенисерка, Лина Ѓорческа не успеа да го мине првото коло на ИТФ фјучерсот во Виена (Австрија) што се игра на земјена подлога за награден фонд од 60.000 долари.

Лина се соочи со 19-годишната Лола Радивојевиќ и загуби со 2-1 во сетови по 2 часа и 18 минути игра на теренот број три. Ѓорческа имаше добар старт и првиот сет го доби со 7-5, ама во продолжението немаше решение за противничката која со 6-2 и 6-3 направи пресврт и обезбеди место во наредната фаза на турнирот.

Инаку тетовката имаше катастрофална реализација на брејк шансите, искористи 4 од 13 за разлика од Србинката која имаше 7 од 11 или 64 проценти.

Реклама
Реклама

Италија

Реклама

Популарни