Ѓорческа со победа го отвори новиот турнир во Анталија

lina

Првиот македонски рекет, Лина Ѓорческа го стартуваше победнички новиот ИТФ фјучерс во Анталија, Турција што се игра за награден фонд од 15.000 американски долари.

Ѓорческа во првото коло како прва носителка се соочи со Сапфо Сакелариди од Грција, а дуелот го доби со 2-0 во сетови со 6-1 и 6-2. Нешто повеќе од еден час траеше оваа пресметка во која Лина имаше одличен процент на реализација на брејк топките за разлика од противничката (6/8 наспроти 1/9), плус освои 22 поени повеќе од Гркинката (60-38).

Второто коло за тетовката носи меч со 20-годишната Џени Дуерст од Швајцарија.

Другата Македонка на овој турнир Магдалена Стоилковска не успеа да ги повтори резултатите од квалификациите и на стартот загуби од Анхелина Калита од Белорусија.

Facebook Коментари