Ѓорческа по третпат ќе игра во квалификациите за „Ју-Ес Опен“

gjorceska biel

Најдобрата македонска тенисерка, Лина Ѓорческа по третпат во нејзината кариера ќе настапи во квалификациите за пласман на отвореното првенство на САД, популарниот „Ју-Ес Опен“.

Ѓорческа нема ранкинг кој и овозможува настап на овој голем турнир, но поради „заштитно рангирање“ од минатата година организаторите и дадоа зелено светло за настап во квалификациите. Лина во своите први две учества во Њујорк го завршуваше настапот во првата рунда, па останува да видиме дали оваа година ќе може да направи исчекор.

Само да потсетиме тетовката долго време беше надвор од терените поради повреда на зглобот на левата рака, па сега полека почнува да се враќа на терените и во моментов е на 600 место на ВТА листата.

Facebook Коментари