Поврзете се со нас

ВТА

Ѓорческа по голема борба поразена од Дину на турнирот во Тунис

Објавено

на

foto:www.facebook.com/laville.at

Најдобрата македонска тенисерка, Лина Ѓорческа доживеа пораз од Кристина Дину на ИТФ фјучерсот што се игра во Ла Марса, Тунис.

Македонката и Романката многу добро се познаваат, многупати се имаат соочено на теренот, ама имаат и настапувано и освојувано титули во двојки, па беше јасно дека ова ќе биде интересна битка која донесе голема борба, неизвесност и три сета.

Ѓорческа прва зададе удар и со 6-4 поведе со 1-0 во сетови. Романката возврати во вториот со 6-3 за да во завршниот биде највозбудливо и биде решено во 12 гејма за 7-5 и пласман на Дину во наредната фаза.

Интересно е што Лина и Кристина ќе настапат заедно во дубл и тоа против вторите носителки Јасмин Мансури и Нина Варгова.

Овој турнир се игра на тврда подлога за награден фонд од 40.000 долари.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни