Поврзете се со нас

ВТА

Ѓорческа отвори триумфално во Куршумлијска Бања, следи голем предизвик во второто коло

Објавено

на

Лина Ѓорческа отвори со победа на турнирот од В75 серијата кој оваа недела се одржува во Куршумлијска Бања, а што е уште поважно, најдобрата македонска тенисерка покажа завидно ниво како што одминуваше мечот од првото коло.

Германката Луиза Мејер се покажа како незгодна ривалка и покрај слабиот ранкинг во првиот сет, но откако Лина успеа да го добие првиот сет во тајбрејкот со 7:5, во продолжение имаше вистинска рутина.

Најдобрата македонска тенисерка не загуби ниту еден гејм во вториот сет, па со преубедливи 6:0 го завери пласманот во втората рунда на турнирот во Србија.

По оваа победа, Лина сега мора да се подготвува за многу посериозен предизвика, бидејќи ждрепката не и донесе многу среќа и веќе во второто коло ќе игра против првата фаворитка.

Унгарката Пана Удварди е поставена како главен носител на овој турнир, па 135-та тенисерка во светот сигурно ќе биде голем тест за нашата претставничка.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни