Поврзете се со нас

ВТА

Ѓорческа остана без пехарот во двојки во Севилја

Објавено

на

Првиот македонки рекет, Лина Ѓорческа не успеа со трофеј да го заокружи настапот на ИТФ фјучерсот во Севилја кој се игра на земјени терени за наградан фонд од 25.000 долари.

Ѓорческа со Тена Лукас од Хрватска (четврти носителки) се најдоа во финалето во кое ги одмерија силите со Јеонво Ку (Кореа) и Каијса Вилда Хенеман (Шведска), меч во кој пружија достоен отпор само во првиот сет.

Имено Ку и Хенемен по голема борба и 7-5 во гејмови поведоа со 1-0 за да во вториот сет водени од оваа енерија бидат убедливи и со 6-1 го затворат натпреварот, односно дојдат до пехарот на турнирот.

Со ова Лина го заврши настапот во Севилја во која квалитетно одигра и во поединечна конкуренција каде стигна до полуфиналето каде подобра од неа беше Елина Аванесјан.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни