Ѓорческа остана без финале во Истанбул

lina

Најдобриот македонски рекет, Лина Ѓорческа и нејзината партнерка Екатерина Јашина доживеаа пораз во полуфиналето на фјучерсот во Истанбул кој се игра на тврда подлога за награден фонд од 25.000 американски долари.

Ѓорческа и Јашина како втори носителки загубија од Холанѓанките Ричел Хогенкамп и Лесли Патинама Керхове со 2-0 во сетови. На теренот број два Хогенкамп и Патинама Керхове доминираа во првиот сет кој го реализираа со 6-2 за да во вториот видиме далеке поголема борба во која одново подобри беа Холанѓанките со 7-5 за конечно славје и пласман во завршниот меч за титулата.

Главната причина за  поразот на македонско-руската комбинација е дефинитивно очајната реализиција на брејк шансите или само 1 од 10 што е секако под нивото на една ваква средба во која противничките имаат успешност на 4/7 на брејк топките.

Facebook Коментари