Ѓорческа остана без финале на турнирот во Унгарија

lina rolan garos

Македонската тенисерка, Лина Ѓорческа не успеа да се избори за финале во игра на двојки на фјучерсот во Баја (Унгарија) што се игра на земјени терени за награден фонд од 25.000 американски долари.

Најдобриот македонски рекет и нејзината партнерка Вивиен Јухазова (Словачка) загубија од првите носителки Река-Луца Јани (Унгарија) и Лара Салден (Белгија) со 2-0 во сетови. Унгарско-белгиската комбинација освои 10 поени повеќе од Лина и Вивиен со што си овозможи триумф од 6-4 и 6-3 и можност утре да дојде до титулата на овој важен фјучерс.

Facebook Коментари