Поврзете се со нас

ВТА

Ѓорческа одигра исцрпувачки прв сет, па ја прегази Реј Гарсија во Севилја

Објавено

на

Најдобрата македонска тенисерка, Лина Ѓорческа имаше успешен старт на ИТФ фјучерсот во Севилја (Шпанија) што се игра на земјена подлога за награден фонд од 25.000 долари.

Ѓорческа како прва пречка ја имаше домашната квалификантка, 19-годишната Алба Реј Гарсија која се покажа како „тврд орев“ пред се во првиот сет. Имено во истиот се водеше голема борба, одлучувачки беше тај-брејкот кој Лина го доби по дури 28 поени со 15-13.

Водена од оваа енергија Македонката беше доминатна во продолжението и со 6-2 дојде до триумф од 2-0 во сетови, а истиот и носи битка со осмата носителка Мартина Ди Џузепе од Италија.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни