Поврзете се со нас

ВТА

Ѓорческа обезбеди полуфинале во двојки во Калви

Објавено

на

Најквалитетната македонска тенисерка, Лина Ѓорческа успешно го продолжи настапот во двојки на фјучерсот во Калви (Франција) што се игра на тврда подлога за награден фонд од 25.000 американски долари.

Македонката заедно со Амандин Ес се први носителки, па денеска забележаа уште една убедлива победа со кој обезбедија пласман во полуфиналето. Имено македонско-француската комбинација славеше со 2-0 во сетови над Флави Бруњон и Обан Дроге.

Мечот траеше 47 минути, а двата сета завршија со идентичен резултат 6-2.

Следен ривал на Лина и Амандин ќе биде подобриот од дуелот меѓу третите носителки Марго Јеролимо/Анџелика Моратели и Жад Суврејн/Луси Нгујен Тан.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни