Ѓорческа обезбеди полуфинале во двојки на турнирот во Турција

lina-komardina

Македонската тенисерка, Лина Ѓорческа и Русинката Екатерина Јашина ќе играат во полуфиналето во двојки на ИТФ фјучерсот во Истанбул, Турција што се игра на тврда подлога за вредност од 25.000 американски долари.

Ѓорческа и Јашина успеаа да го минат четвртфиналето против домашните тенисерки, Мелиз Сезер и Ипек Оз со 2-1 во сетови. Турчинките одлично го отворија мечот и првиот сет го реализираа со 6-2, но одговорот од македонско-руската комбинација стигна во продолжението, па така прво со 6-3 беше израмнет резултатот за да во решевачкиот сет вторите носителки славата со 10-6.

Кој ќе биде следен ривал на Лина и Екатерина ќе биде познато по одигрувањето на мечот Софија Лансере/Камила Рахимова и Ричел Хогенкамп/Лесли Патинама Керхове.

Facebook Коментари