Ѓорческа обезбеди полуфинале и финале на турнирот во Анталија

gjorceska biel

Македонската тенисерка, Лина Ѓорческа го продолжи својот одличен настап на фјучерсот во Анталија каде денеска забележа уште две нови победи во двете конкуренции.

Во „сингл“ Лина обезбеди пласман во полуфиналето со триумфот над петтата носителка, Петија Аршинкова (Бугарија) со 6-1 и 6-2. Следниот предизвик за најдобриот македонски рекет е Магдалена Пантучкова од Чешка која на овој турнир ја има улогата на осма носителка.

Што се однесува до играта во парови, Ѓорческа и Маријана Дражиќ од Хрватска ќе играат во финалето во кое за ривалки ќе ги имаат Ева Ведер и Стефани Џудит Вишер од Холандија.

Ова доаѓа по денешното славје на македонско-хрватската комбинација над Џени Дуерст (Швајцарија) и Јоана Гаспар (Романија) со 2-0 во сетови (6-3, 6-4).

Facebook Коментари