Поврзете се со нас

ВТА

Ѓорческа обезбеди четвртфинале во дубл на турнирот во Мадрид

Објавено

на

Најдобрата македонска тенисерка, Лина Ѓорческа, денеска оствари победа во игра на двојки на својот прв настап на турнирот во Мадрид.

Ѓорческа имаше премиера во комбинација со Бразилката Лаура Пигоси и во осминафиналето тие ги совладаа Марти од Шпанија и Наваро од Мексико со 2:0 во сетови.

По фуриозниот прв сет кој парот Ѓорческа/Пигоси го доби со 6:0, вториот го доби со 6:3, за сигурен пласман во четвртфиналето.

Во следната рунда противнички на Ѓорческа и Пигоси ќе им бидат Глушко од Израел и Мдлулва од Јужна Африка.

Лина ќе настапи во Мадрид и во сингл конкуренција, а противничка ќе и биде словачката тенисерка Викторија Морвајова.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни