Поврзете се со нас

ВТА

Ѓорческа обезбеди четвртфинале на турнирот во Загреб

Објавено

на

Македонската тенисерка, Лина Ѓорческа ќе игра во четвртфиналето во двојки на ИТФ фјучерсот во Загреб кој се игра на земјена подлога за вредност од 60.000 американски долари.

Ѓорческа настапува во комбинација со Лео Бошковиќ, дуо кое денеска им одржа лекција на Далила Јакуповиќ (Словенија) и Ирина Хромачева (Русија). Лина и Леа славеа со 2-0 во сетови по точно еден час и дванаесет минути игра на теренот број 16.

Првиот сет заврши со 6-3, а пак во вториот македонско-хрватската комбинација беше уште подоминатна за 6-2 и крај на натпреварот.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни