Поврзете се со нас

ВТА

Ѓорческа немаше решение за петтата носителка во Мадрид

Објавено

на

Најдобриот македонски тениски рекет Лина Ѓорческа не успеа да се избори за четвртфинале на ИТФ фјучерсот во Мадрид што се игра на тврда подлога за награден фонд од 25.000 американски долари.

Македонската за ривал во второто коло ја имаше домашната претставничка и воедно петта носителка Андреа Лазаро Гарсија која беше на повисоко ниво на теренот број 13 и со 2-0 во сетови се избори за пласман во следната фаза.

Андреа доминираше во првиот сет со 6-1, вториот беше поинаква приказна, Ѓорческа даде поголем отпор, ама истиот не беше доволен затоа што ривалката со 6-4 го затвори мечот.

Тетовката на овој дуел не искористи ниту една од седумте брејк топки, додека противничката имаше три од седум или 43 проценти што дефинитивно е главен фактори за поразот на нашата претставника на турнирот.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни