Поврзете се со нас

ВТА

Ѓорческа немаше одговор за Томова

Објавено

на

Лина Ѓорческа доживеа пораз од Викторија Томова (130. место на ВТА листата) на Источно-европскиот шампионат што се одржува во Белград (Србија).

Најдобрата македонска тенисерка немаше одговор за Томова која беше доста сигурна на свој сервис, а редовно преставуваше закана за тетовката на нејзинот. Имено Бугарката четири пати и го одзема сервисот на Ѓорческа што беше сосема доволно за славје на овој меч со 2-0 во сетови со 6-3 и 6-2.

Да потсетиме Лина претходно ги доби преостанатите три мече од групата против Маријана Дражиќ (Хрватска), Тијана Сретеновиќ (Србија) и Чемре Анил (Турција).

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни