Поврзете се со нас

ВТА

Ѓорческа немаше одговор за шестата носителка во Москва

Објавено

на

blank

Македонската тенисерка, Лина Ѓорческа доживеа пораз од Анастасија Захарова во рамките на второто коло на ИТФ фјучерсот во Москва (Русија) вреден 25.000 американски долари.

Ѓорческа немаше одговор за шестата носителка која беше доминантна во двата сета и со 6-2 и 6-3 се избори за пласман во четвртфиналето на овој турнир. Тетовката немаше ниту една шанса за брејк на овој меч, Русинката искорсти 4 од 9 топки за тоа, плус севкупно освои 21 поен повеќе и заслужено ја мина оваа фаза во Москва.

Да потсетиме вчера Лина загуби и во игра на двојки што значи дека го заврши настапот на фјучерсот кој се игра на тврда подлога.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни