Поврзете се со нас

ВТА

Ѓорческа не успеа да се избори за полуфинале на турнирот во Анталија

Објавено

на

Најдобрата македонската тенисерка, Лина Ѓорческа не успеа да ја мине четвртфиналната пречка на ИТФ фјучерсот во Анталија, Турција што се игра на земјена подлога за награден фонд од 15.000 американски долари.

Ѓорческа денеска по скоро два часа игра беше поразена од осмата носителка Андреа Амалија Роска. Романката славеше со 2-0 во сетови на теренот број четири, првиот сет го доби по голема борба со 7-1 во тај-брејкот, додека во вториот со 6-3 го потврди триумфот вреден полуфинале на овој турнир.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни