Поврзете се со нас

ВТА

Ѓорческа не успеа да обезбеди сингл финале во Лиепаја

Објавено

на

Лина Ѓорческа не успеа да го мине полуфиналето и во сингл конкуренција, фаза во која вчера беше елиминирана и во игра на двојки на турнирот во Лиепаја.

Најдобрата македонска тенисерка постигна солидни резултати во Летонија, а денеска и покрај добриот старт во дуелот со Норвежанката Марлен Хелго, нејзината противничка беше подобра во завршницата на првиот сет, кој се покажа и како клучен за мечот.

Хелго го доби првиот сет со 6:3, за потоа вториот да го освои со 6:2, што значеше и победа од 2:0 против Ѓорческа.

Се чини дека фактот што Лина вчера одигра три меча во еден ден зема данок на денешната полуфинална програма, па Ѓорческа ќе чека следна шанса за финале.

Вчера, Ѓорческа и Унгарката Ванда Лукач на крајот на натпреварувачката програма се соочија со првите носителки, Талби од Летонија и Граматикополу од Грција, па иако поведоа со 1:0 во сетови, на крајот го загубија полуфиналниот меч во дубл конкуренција со 2:1.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни