Поврзете се со нас

ВТА

Ѓорческа не успеа да обезбеди место во финалето во Телави

Објавено

на

Првиот македонски рекет, Лина Ѓорческа не успеа да дојде до уште едно финале во игра на двојки на фјучерсот во Телави, Грузија.

Ѓорческа и Деа Херџелаш преку Гергана Топалова (Бугарија) и Шавит Кимчи (Израел) дојдоа до полуфиналето во кое по голема борба загубија од четвртите носителки Викторија Босио (Аргентина) и Анџелика Моратели (Италија) со 2-1 во сетови.

Дуелот на теренот број пет траеше еден ипол час, Викторија и Анџелика отворија со 6-2, Лина и Деа возвратија со 6-4 за да во во решавачката битка аргентинско-италијанската комбинација слави со 10-6.

Турнирот во Грузија се игра на земјени терени и тоа за награден фонд од 25.000 американски долари.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни