Ѓорческа не успеа да ја надигра третата носителка на турнирот во Шпанија

lina

Македонската тенисерка, Лина Ѓорческа го заврши својот настап на фјучерсот во Гечо (Шпанија), откако попладнево во втората рунда загуби од третата носителна Олга Саез Лара.

Саез Лара ја доби оваа пресметка по 2 часа и 26 минути и по три сета. Првиот донесе најголема борба и беше решен во тај-брејкот во корист на фаворитката со 7-5. Лина потоа се врати и втората рунда ја доби убедливо со 6-1, меѓутоа таа енергија не успеа да ја пренесе и во третиот сет или поточно Олга за нијанска беше на повисоко ниво и со 6-4 го реши мечот во своја корист.

Фјучерсот во Гечо се игра на земјени терени за вредност од 25. 000 американски долари.

Facebook Коментари