Ѓорческа не се избори за четвртфинале во Москва

lina gjorceska

Најдобриот македонски рекет, Лина Ѓорческа доживеа пораз во второто коло на фјучерсот во Москва (Русија) за вредност од 25.000 американски долари.

Ѓорческа (осма носителка) за денешен противник ја имаше квалификантката Јулија Хатоука која се покажа во далеку подобро издание и со 6-3 и 6-2 за еден час игра на теренот број два дојде до четвртфиналето на овој турнир што се игра на тврда подлога.

Хатоука освои 17 поени повеќе од Лина (63/46), дојде до повеќе брејк шанси (4/7 наспорти 1/3), додека пак тетовката беше подобра во асовите (7/5) и направи помалку дупли сервис грешки (3/7).

Facebook Коментари