Поврзете се со нас

ВТА

Ѓорческа не обезбеди место меѓу четирите најдобри во Манакор

Објавено

на

Најквалитетната македонска тенисерка, Лина Ѓорческа не обезбеди место меѓу четирите најдобри на ИТФ фјучерсот во Манакор (Шпанија) што се игра на тврда подлога за награден фонд од 25.000 американски долари.

Ѓорческа по двете остварени чисти победи во претходните две рунди денеска имаше сила само за еден сет против чевртата носителка Јуки Наито. Имено Јапонката го доби првиот сет со 6-4 по што Лина одлучи да се повлече, односно го предаде мечот.

Ова за Македонката е прв турнир во 2022 година, година во која се надеваме дека ќе има подобри резултати и повторно ќе настапува во најмала рака во квалификациите на најголемите турнири, грен слем сцената.

 

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни