Поврзете се со нас

ВТА

Ѓорческа не ја мина првата пречка на Вимблдон

Објавено

на

foto:www.facebook.com/laville.at

Лина Ѓорческа загуби во првото квалификациско коло и го заврши настапот на годинешното издание на Вимблдон.

Македонката одигра неизвесен меч со американската ривалка Сашиа Викери, но на крајот мораше да се соочи со пораз по два тај-брејка кои завршија во корист на противничката.

Ѓорческа го отвори мечот со брејк, но противничката возврати, а по уште еден брејк на двете страни, Викери беше поуспешна во тај-брејкот и дојде до посакувано почетно водство.

Во вториот сет немаше брејкови, а Викери повторно беше поуспешна во тај-брејкот со 7:5, па Ѓорческа го заврши настапот во квалификациите за Вимблдон.

Следен предизвик на македонската тенисерка ќе биде фјучрс турнир во Рим.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни