Поврзете се со нас

ВТА

Ѓорческа не ја мина четврфиналната пречка во Санта Маргерита Ди Пула

Објавено

на

Македонската тенисерка Лина Ѓорческа доживеа елиминација на ИТФ фјучерсот во Санта Маргерита Ди Пула и тоа во четвртфинланата рунда каде подобра од неа беше Екатерина Рејнголд.

Дуелот на теренот број шест донесе битка која траеше два часа и во истата Русинката се покажа како подобра, поиздржлива, па со 7-5 и 6-4 обезбеди место полуфинланата рунда која исто така ја мина што ја носи на чекор до титулата која ќе ја освои само ако слави над Камила Росатело.

Кога е во прашање Лина овој резултат е полош за неа од претходниот турнир на истото ова место кога дојде до финалето во сингл и триумфираше во игра на двојки.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни