Поврзете се со нас

ВТА

Ѓорческа не избори место во главната фаза на ВТА турнирот во Порторож

Објавено

на

Најквалитетната македонска тенисерка, Лина Ѓорческа не ја мина последната квалификациска пречка за влез во главната фаза на ВТА турнирот во Порторож, Словенија.

Ѓорческа за противник ја имаше Тара Вурт од Хрватска, ривал кого го надигра во првиот сет со 6-2. Меѓутоа Лина имаше проблеми во продолжението затоа што Тара заигра подобро, поквалитетно и со 6-2 и 6-1 успеа да ги мине квалификациите на овој турнир.

Инаку Лина во првата рунда (квалификациска) ја совлада Ангелина Габуева од Русија со 2-1 во сетови.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни