Поврзете се со нас

ВТА

Ѓoрческа не избори место меѓу осумте најдобри во Телави

Објавено

на

Македонската тенисерка, Лина Ѓорческа не ја мина осминафиналната фаза на фјучерсот во Телави (Грузија) кој се игра на земјени терени за награден фонд од 25.000 американски долари.

Лина не го потврди статусот на фаворит и загуби од 16. носителка на турнирот Јоан Цугер од Швајцарија со 2-0 во сетови. Ѓорческа играше одлично во првиот сет и водеше со 5-3, но тука се заглави и дозволи противничката да направи серија од 4-0 во гејмови и да дојде до водство од 1-0 (7-5).

Оваа серија на Швајцарката продолжи и во вториот сет каде поведе со 4-0, Лина одговори и дојде до 5-4, ама Цугер не дозволи изненадување и со 6-4 го заокри настапот, обезбеди билетот за четвртиналето.

Сега за тетовката останува настапот во двојки каде заедно со Валерија Стракова од Украина ќе ги одмерат силите против Мариам Далакишвили-Жива Фалкнер.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни