Поврзете се со нас

ВТА

Ѓорческа не го издржа жестокото темпо и го заврши настапот во Будимпешта

Објавено

на

Најдобрата македонска тенисерка, Лина Ѓорческа, не го издржа жестокото темпо во Будимпешта и го загуби својот втор меч на денешната програма на овој фјучрс турнир.

Поради лошите временски услови, Ѓорческа утринава најпрвин го одигра осминафиналето против Сиња Краус, кој го доби со сигурни 2:0 во сетови, а неколку часа подоцна следуваше новиот предизвик.

Ѓорческа се соочи со домашната претставничка и трета носителка, Река-Лука Јани, која сепак ја оправда улогата на фаворит и го доби мечот без загубен сет.

Четвртфиналето започна со убедлив сет на Јани, за истата тенисерка да го доби и вториот сет и тоа со 6:3, со што Унгарката се пласираше во полуфиналето.

Македонката минатата недела се искачи 52 позиции откако стигна до полуфиналето на турнирот во Визбаден, а нови поени би требало да и донесе и четвртфиналето во Будимпешта.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни