Поврзете се со нас

ВТА

Ѓорческа напредуваше 20 позиции на најновата ВТА листа

Објавено

на

Најдобрата македонска тенисерка, Лина Ѓорческа забележа голем напредок на најновата ВТА ранг листа.

Ѓорческа имаше скок како во сингл така и во дубл со тоа што далеку поголем беше чекорот на рангирањето во поединечна конкуренција. Имено Македонската рипна 20 позиции и сега со 164 поени е 339 светска тенисерка.

Кога се во прашање „двојките“, 26-годишната тетовката сега е 231 на планетава (скок од три позиции), а Магдалена Стоилковска го држи 1382 место (напредок од две места).

На првото пак Барти е прва пред Осака, Халеп, Кенин и Свитолина која ја заокружува првата петка.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни