Поврзете се со нас

ВТА

Ѓорческа направи скок од шест места на најновата ВТА листа

Објавено

на

Првиот македонски рекет, Лина Ѓорческа забележа напредок во поединечна конкуренција на најновата ВТА листа.

Тетовката на денешното рангирање е 336 тенисерка на светот со вкупно 164 поени или поточно има скок од вкупно шест позиции. Во двојки пак Лина има мал пад, лизгање за три места и сега е 208 на планетава. На листата на дубл има место за уште една Македонка, 25-годишната Магдалена Стоилковска која ја зазема 1387 позиција.

Кога се работи за најдобрите за врвот во тенисот водечка и понатаму е Барти пред Осака, Халеп и Сабаленка која скокна три места. Во првата десетка има уште место за Кенин, Свитолина, Андреску, Вилијамс, Клишкова и Квитова.

 

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни