Поврзете се со нас

ВТА

Ѓорческа направи скок од 52 позиции на ВТА листата

Објавено

на

Пласманот во полуфиналето на турнирот во Визбаден овозможи голем скок на официјалниот ранкинг за македонската тенисерка Лина Ѓорческа.

Ѓорческа стигна меѓу најдобрите четири тенисерки на турнирот со награден фонд од 80.000 долари, а не успеа да обезбеди финале по жестокиот дуел со фаворитката и прва носителка, Клара Бурел од Франција.

Сепак и полуфиналето беше доволно за голем скок на ВТА ранкингот, каде Македонката напредуваше дури 52 позиции за само една недела.

Ѓорческа од денеска е на 275. место на тенискиот ранкинг во женска конкуренција, а досега освои 238 ВТА поени.

Ешли Барти останува број еден на ВТА ранкингот, а ја следат Сабаленка и Плишкова.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни