Поврзете се со нас

ВТА

Ѓорческа на победа до титулата во двојки во Калви

Објавено

на

Првиот македонски рекет, Лина Ѓорческа е на еден чекор од пехарот во двојки на ИТФ фјучерсот во Калви што се игра на тврда подлога.

Македонската и нејзината партнерка Амандин Ес успешно го положија полуфиналниот предизвик против Жад Суврејн и Луси Нгујен Тан, ривалки кои ги совладаа со 2-0 во сетови. Лина и Амандин двата сета ги реализираа со 6-4, па сега останува само уште еден тест за пехарот-тоа е против Одреј Алби и Леолија Жанжан (Франција)

Ѓорческа и Ес се први носителки и во финалето ќе влезат како фаворитки, но тоа ќе треба да го потврдат и на теренот против Алби и Жанжан кои во претходните рунди ги средија вторите и четвртите фаворитки на турнирот.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни