Ѓорческа на доминантен начин дојде до првата титула во сингл во оваа година

lina Biel Bienne

Македонската тенисерка, Лина Ѓорческа на доминантен начин успеа да го освои ИТФ фјучерсот во Анталија, Турција што се играше за награден фонд од 15.000 американски долари.

Тетовката како втора носителка дојде до првата титула во поединечна конкуренција во 2019 година откако оствари пет победи во низа, победи во кои загуби само еден сет и тоа во финалната пресметка со Ирина Хромачева од Русија. Во финалето Лина поведе со 1-0 во сетови со 6-3, потоа Русинката возврати на идентичен начин за да во третиот решавачки „период“ Македонката доминира и со 6-1 дојде до пехарот на турнирот што се играше на тврда подлога.

Ова севкупно за Ѓорческа беше шести успех, освојување на трофеј во актуелнава календарска година, односно освен овој резултат во сингл триумфираше петпати во игра на двојки.

Facebook Коментари