Поврзете се со нас

АТП

Ѓорческа мина уште една пречка во Ираклион, следи битка со првата носителка за финале

Објавено

на

Македонската тенисерка, Лина Ѓорческа направи уште еден чекор напред во Ираклион (Грција) каде обезбеди пласман меѓу четирите најдобри на фјучерсот вреден 25.000 американски долари.

Ѓорческа во денешната битка беше подобра од Пиа Ловриќ од Словенија со 2-0 во сетови. Мечот траеше еден ипол час во кој Лина првиот сет го доби со 6-3, а вториот со 6-4. Македонката имаше дури 14 брејк шанси, ама искористи само 6 што значи дека можеше и многу побрзо да го обезбеди овој триумф.

Последна пречка на патот до финалето е првата носителка, Катарина Хобгарски од Германија.

Воедно не треба да се заборави дека тетовката денеска има предизвик и во игра на двојки, полуфиналето во кое заедно со Деа Херџелаш ќе се обидат да бидат подобри од спомената Хобгарски и Дарја Семенистаја (Летонија).

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни