Ѓорческа и Комардина ја добија драмата во финалето и ја освоија титулата во Минск

lina-komardina

Лина Ѓорческа придодаде уште една важна титула во друштво на својата партнерка Анастасија Комардина, откако ова попладне славеа во исклучително возбудливото финале на ИТФ фјучерсот во Минск.

Откако вчера ги преслушаа првите носителки на турнирот кој е со награден фонд од 25 илјади американски долари, денеска ги одмерија силите со вторите фаворитки, а победата беше посебно слатка бидејќи истата беше остварена над домашните тенисерки Илона Кремен и Ирина Шиманович.

Македонско-руската комбинација го загуби првиот сет во тајбрејкот (7:4), во вториот реагираше и славеше со 6:4, а Лина и Анастасија имаа повеќе нерви во одлучувачкиот специјален тајбрејк во кој победија со 10:8.

Facebook Коментари