Поврзете се со нас

ВТА

Ѓорческа ќе се бори за титулата во Телави

Објавено

на

Најдобрата македонска тенисерка, Лина Ѓорческа обезбеди место во финалето во конкуренција на двојки на ИТФ фјучерсот што се игра во Телави за награден фонд од 25.000 американски долари.

Ѓорческа и нејзината партнерка за овој турнир Велерија Страхава од Украина мораа добро да се испотат против третите носителки за да дојдат до завршниот меч во Грузија.

Имено Холанѓанките Сузан Леменс и Лекси Стивенс пружија голем отпор, првиот сет го добија со 8-6 во тај-брејкот и го ставија противникот под притисок.

Македонско-укринската комбинација одговори на предизвикот со 6-2 во вториот  сет за 1-1 за да во решавачкиот со 10-8 обезбеди место за последната борба која ќе ја водат против Викторија Босио (Аргенатина) и Анџелика Моратели (Италија).

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни