Поврзете се со нас

ВТА

Ѓорческа ќе ја нападне и титулата во сингл на турнирот во Ираклион

Објавено

на

Македонската тенисерка, Лина Ѓорческа се избори и за второ финале на ИТФ фјучерсот во Ираклион (Грција) што се игра на земјена подлога за награден фонд од 25.000 американски долари.

Лина во денешното полуфинале успеа да ја добие битката со првата носителка Катарина Хобгарски од Германија која го предаде мечот при резултат 1-1 во сетови и 3-0 за Македонката во решавачката битка.

Ѓорческа која е петти фаворит на турнирот сега ја очекува уште една пресметка за титулата и тоа против 24-годишната Мириам Бјанка Булгару (4 носителка) од Романија која во денешното полуфинале не се испоти затоа тоа Бугарката Јулија Терзијска се откажа во првиот сет при негатива од 5-2.

Како потсетување нашиот најдобар женски тениски рекет е во завршниот натпревар и во игра на двојки каде заедно со Деа Херџелаш ќе се обидат да дојдат до пехарот.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни